Денес заедно со Екрем Иљаз Го посетивме Игор, кој пред пред неколку дена беше брутално претепан во центарот на Струмица. Во разговор со Игор ни беше кажано дека беше претепан од обезбедувањето на Заев и луѓето од неговото опкружување, стои во Фејсбук статусот на Ерџан Демир.
-Семејството на Игор раскажува за потешкотиите со кои се справуваат овие денови од здравствените установи од кои Игор има потреба за прегледи и прибирање на документацијата за повредите добиени од нападот врз него.
Игор сеуште не може да стане и да функционира нормално, по цело тело има модринки и вртоглавица и не во состојба да донесе парче леб за своето семејство, пишува тој.
– Срамно и жално е што никој од ромските “ЛИДЕРИ” кои се дел од коалицијата на Заев не го посети а камоли му понуди помош на Игор. Тие се само марионети и приклучок на Заев кои ги гледаат своите интереси. Се изгубија и советниците роми кои заедно со претставникот на ромите во парламентот се заклучија во своите удобни канцеларии. Издржи Игор, правдата ќе ги стигне сите што се огрешија и повредија некого ставајќи се над законот, пишува Демир во неговиот Фејсбук статус.