недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Евакуирани пет училишта во Скопје, добиле закани за поставени бомби

Евакуирани пет училишта во Скопје, добиле закани за поставени бомби

Пет училишта во Скопје денеска преку мејл адреси добиле закани дека во нивните објекти е поставена бомба.

Дојавите, како што потврдија од МВР, се доставени до СВР-Скопје и веднаш до добиените пријави се евакуирани учениците и вработените.

По добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, наведуваат од МВР.

Едно од училиштата е СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“, а неофицијално станува збор и за гимназиите „Орце Николов“, „Никола Карев“ и „Јосип Броз Тито“ и АСУЦ „Боро Петрушевски“.

Најнови вести