вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Европското право е јасно: Нема екстрадиција на веќе помилувани лица кои ги чека неправично судење

Европското право е јасно: Нема екстрадиција на веќе помилувани лица кои ги чека неправично судење

Највисокиот суд во Грција пресече, нема екстрадиција за поранешните функционери во МВР, Горан Грујовски и Никола Бошковски бидејки во Македонија нема да им се овозможи фер судење, пренесува Алфа.

Највисокиот суд во Грција пресече, нема екстрадиција за поранешните функционери во МВР, Горан Грујовски и Никола Бошковски бидејки во Македонија нема да им се овозможи фер судење. Судот во Атина негативно ќе одговори по барањето на министерството за правда по барањето за екстрадиција на двајцата бегалци. Адвокатот на осомничените Петар Василев во изјава за Алфа вели дека ја поздравува објективната одлука на највисокото судско тело во Грција потенцирајки дека тамошниот суд носи одлуки по словото на законот.

Судот во Атина констатираше дека не може да одлучува за луѓе кои претходно биле амнестирани. Станува збор за амнестијата која ја направи претседателот Ѓорге Иванов пред две години. Тамошниот суд одлучил дека еднаш донесена одлука за амнестија не може да биде повлечена.

За Горан Грујевски и Никола Бошковски пред судот во Скопје се водат постапки по обвинение на СЈО за нивна наводна вмешаност во нелегалното прислушување.

Најнови вести