Михаел Мартенс, дописник на германскиот Франкфуртер Алгемајне Цајтунг од Атина, излезе со детална анализа што не очекува следно, откако уставните измени ќе пропадната, и кои актери на политичката сцена во Македонија имаат каква улога.
Имено под наслов “(Нови) Избори наместо пробив?” Франкфуртер Алгемајне Цајтунг преку анализа од реалната ситуација на теренот, контатира дека решението на „Спорот со името„ помеѓу Македонија и Грција ќе пропадне, со што Преспанскиот договор ќе стане ништовен.
Пропаста на Преспанскиот договор овој пат започна од Атина, а ќе финишира во Скопје, пренесува ФАЦ.
Оставката на грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас како и политичко-правните натегања во Скопје би можеле да придонесат да пропадне најважниот безбедносно-политички проект на Западот во ЈИЕ во овој момент, имено приемот на Македонија во НАТО. Барем најновите случувања во Атина и Скопје не го направија повозможен обидот да се реши грчко-македонскиот „Спор за името„ со цел да се забрза интеграцијата на Македонија кон Запад.
Коѕијас, чија оставка грчкиот премиер Алексис Ципрас веднаш ја прифати, важи за умна глава и „тежок„ човек. Како главна причина за разидувањето на патиштата на Ципрас и неговиот Министер за надворешни работи после повеќе од три и пол години важи „Спорот за името„. Коѕијас беше еден од архитектите на грчко-македонската Спогодба која се потпиша во јуни и која предвидува преименување на Македонија во „Северна Македонија
Германскиот весник во својата анализа, проценува дека и премиерот Ципрас избрал сигурна власт отколку пропаст на нови избори за кои знае дека ќе ги изгуби.
На последната седница на која учествуваше Коѕијас, се вели дека Каменос го обвинил Министерот за надворешни работи дека е под влијание на американскиот милијардер Џорџ Сорос. Тоа не е само на Балканот е омилен мотив да се напаѓа противникот со деснопартискиот популист.
Коѕијас, во секој случај, веројатно со право стекнал впечаток дека во спорот со Каменос веќе нема доволно поддршка од премиерот. Ципрас во моментов сака да избегне предвремени избори. Тој во анкетите е зад шефот на опозицијата Киријакос Мицотакис, а тој резултат не би го променил ниту решението на „Спорот за името„.
Но и на Заев не му е “лесно”, откако беше поразен на референдумот, сега се соочува со финалниот дебакл во Собранието на Македонија, по основ на уставните измени.
Од Скопје, пак, стигнуваат вести кои во најмала рака отвораат прашања за независноста на судството, откако македонското Специјално јавно обвинителство повика на распит десетина пратеници од конзервативно-националната опозиција како обвинети и осомничени. Тајмингот побудува внимание, особено што Македонија во овие денови треба да гласа за промена на својот устав и со тоа да го промени сопственото име во „Северна Македонија„.
ФАЦ се осврнува и на улогата која партизираното СЈО ја има во проектот Преспански договор во рацете на премиерот Зоран Заев.
Поранешната партија на власт, ВМРО – ДПМНЕ меѓутоа е против менување на името. А без барем неколку пратеници од редот на оваа партија премиерот Зоран Заев нема да постигне двотретинско мнозинство. И токму во овој чувствителен момент повеќе пратеници од опозицијата добиваат покани за да се јават на суд испратени од Специјалното јавно обвинителство. И дека токму сега судството наеднаш пројави интерес за 15 пратеници од опозицијата „со сигурност не е случајно„, тврди за нашиот весник поранешниот министер Антонио Милошоски, кој е еден од обвинетите.
Милошоски е еден од главните агитатори против менувањето на уставното име на Македонија. Тој вели дека Специјалното јавно обвинителство се обидува да ги заплаши парламентарните кои се противници на уставните промени со закана за судски постапки. Овој камшик одговара на морковот на Заев, кој на сите осомничени им понуди амнестија.
Дури и една изјава од министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која сакаше да го појасни кажаното од премиерот, тврди дека правото и помирувањето се надополнуваат, сепак не придонесе да се добие друг впечаток.
Анализата базирана на информации од теренот, говори дека Заев партизираното СЈО има намера да го користи до крај, па дури и ако е приморан на нови предвремени избори.
Милошоски тврди дека Специјалното јавно обвинителство е „политички инструментализирана служба„, која селективно ја применува правдата и де факто функционира како второ седиште на владејачките социјалдемократи. Со оглед на најновиот развој на случувањата опозицијата ги збива редовите: „Нашата парламентарна група нема да ги поддржи уставните измени во Собранието„.
ФАЦ за крај констатира.
Доколку навистина биде така, Македонија наместо да постигне пробив во „Спорот за името„, ќе се соочи со предвремени избори. А доколку по изборите социјалдемократите на Заев и неговите политички партнери не постигнат значително подобри резултати, најбесмислениот спор за името на европскиот континент и натаму ќе остане да постои.