ВМРО-ДПМНЕ ги објави фактите на денот поврзани со власта која како што тврдат од партијата на 12 април ќе биде сменета од власт.
Факти кои го одбележаа денот:
- СДСМ потфрли со реализацијата на капитални инвестиции, во јануари нивото на капитални инвестиции е очајни 1.67%.
- ХЕЦ Калиманци е на биолошки минимум. Заев и Анѓушев ја потрошија водата за струја, земјоделците оставени без вода за наводнување.
- СДСМ наместо за амбулантни возила трошеле за партиски вработувања.
- Ангеловска утре ќе ја задолжи Македонија за нови 131 милион евра.
- СДСМ го уништува зеленилото во Ѓорче Петров, наместо паркови ќе има 100 згради во Хром.