Обид за спас од криминалите и аферите откако СДСМ се на власт се крие зад насилничкото носење на Законот за Јавно обвинителство. Вистината е дека СДСМ никогаш немала ниту во план да ги разгледа и стави под разно, а не пак да ги почитува забелешките кои експертите ги имаа за текстот на предложениот закон.
Дека овој Закон СДСМ насилно го донесе за сопствен спас и личен интерес, наспроти интересот на граѓаните, потврдува и фактот што власта остана глува на укажувањата од експертската јавност дека овој закон е лош и треба да се измени. Јавната расправа за законот се чини остана само проформа, процедура која треба и мора да се помине, колку да и помине редот. Ставовите, мислењата, аргументите на експертите останаа и натаму неважни за власта. Секако, личниот интерес и натаму е на прво место.
А на што предупредуваат експертите и познавачите на правото?
Со ваквиот закон воопшто не се сложи професорот Гордан Калајџиев.
-Последната верзија на ЗЈО што е сега во процедура не само што не ги отсрани контраверзиите што ги зготвија партиите туку напротив ги дорасипа! Брука!, пиша Калајџиев.
Поранешниот пратеник на СДСМ, Сафет Бишевац смета дека во брзањето со законот се прават сериозни грешки.
-На сцена е перфиден обид на тивка амнестија на она што ни се случуваше во изминативе години, посочи Бишевац.
И академик Катица Ќулавкова со свој коментар смета дека во Собранието нелегално и противуставно се носи законот за јавно обвинителство.
-По кратка постапка ја скратија Република Македонија. Сега ја озаконуваат неправдата, како што со Устав го озаконија предавството на неотуѓивите и историските придобивки на Македонците, пишува академик Ќулавкова.
Поранешниот обвинител Сотир Костов истакна дека законот е нефункционален и противуставен.
-Овој закон е нефункционален, овој закон е противуставен, не станува збор дали мене тебе или на некој експерт не му се бендисува. Тоа се професори со голем број години на искуство и нив не ги водат политичките страни или политиките на одредени партии тие си ја гледаат струката да не им биде поганета, препознаа дека ова е сквернавење на Уставот, на правото и јавнообвинителската функција. Тупанчевски одржа прво лекција, номотеничкиот ракопис на законот е катастрофален, истакна Костов.
На намерите на СДСМ и Зоран Заев укажува и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој потенцира дека Заев со овој закон се бори за амнестија и тоа: за сопствена амнестија, амнестија на своите соработници во криминалот од раководството и коалицијата, и амнестија на своите слуги.
-Од една страна туркаат закон за обвинителство пред избори чие одложено дејство ќе биде по изборите, поточно од 30 јуни, а многу им се да дадат 4 месеци експертите да изготват уставен закон за обвинителство. Ова не го прифаќаат зошто им се откриваат скриените намери за амнестија, пишува Мицкоски.
Собранието вчера шверцерски изгласа дека има потреба од донесување на Законот за јавно обвинителство во скратена постапка, по што истиот беше проследен до Комисијата за европски прашања чиј претседател е Артан Груби. Европското знаменце, непримерно го носеа и двојазичноста, договорите со Грција и Бугарија, па дури и законот за марихуана…
Комисиите се процедурални, а главната битка за судбината на Законот за ЈО ќе се бие на пленарната седница на која на Заев ќе му треба двотретинско мнозинство или 81 пратеник „ЗА“ за да донесе закон кој, според познавачите, уште еднаш во неговата долга кариера ќе го амнестира од криминалот, овојпат проактивно и во иднина. Пратениците се на потег…