понеделник, 1. април 2024. Вести денес: 0
home Вести

„Фамилија Ковачевски се богати на грбот на граѓаните, госпоѓа Ковачевска по багателна цена добива државно земјиште за изградба на фотоволтаици“

„Фамилија Ковачевски се богати на грбот на граѓаните, госпоѓа Ковачевска по багателна цена добива државно земјиште за изградба на фотоволтаици“

Рамо до рамо, СДС до ДУИ, за тендери, криминали и лични богатења на функционерите на власта, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

За криминалците на СДС и ДУИ небитно е што секој ден стопанските комори бараат помош од државата, а синдикатите бараат поголеми плати за работниците, нив им се најбитни тендерите и богатењето.

Додека замрзнуваат, па одмрзнуваат, па ги реведираат цените, а граѓаните не можат да си ги купат ниту основните прехранбени производи пред празниците, Владата на СДС и ДУИ само со еден потпис на Груби им го зголеми богатството на фамилија Ковачевски.

Со одлука и потпис на Артан Груби, фамилијата Ковачевски доби земјиште по цена од само 70 денари по м2.

За околу 1.300 евра фирма на фамилијата Ковачевски, каде што главен лик е госпоѓата Ковачевска добива земјиште за изградба на фотоволтаици од 1.119м2.

Една седница на Влада потпишува Ковачевски а се богати Груби, наредна седница на Влада потпишува Артан, а се богати Димитар.

Артан Груби му се одолжи на Димитар Ковачевски за целосната и безусловна одбрана на криминалот кој го прави неговиот брат со фамилијарните фирми, како и за матните тендери со надзорот на коридорите 8 и 10Д.

Потписот на Груби не го сокрива фактот, како и судирот на интереси, дека владата предводена од Ковачевски доделува земјиште на сопругата на Ковачевски.

Ваквата одлука на Владата со која и се доделува државно земјиште на сопругата на Ковачевски е само доказ за целосната одлепеност и забеганост на криминалците од СДС и ДУИ.

Државната комисија за спречување на корупцијата веднаш треба да отвори случај за овој еклатантен пример за судир на интереси, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести