сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Фетаи бара обвинителски протекторат: ЕУ да ги избира обвинителите за организиран криминал?!

Фетаи бара обвинителски протекторат: ЕУ да ги избира обвинителите за организиран криминал?!

Специјалната обвинителка Фатиме Фетаи на денешната расправа за предлог-законот за ЈО, побара буквално ЕУ да формира обвинителски протекторат во Македонија. Според Фетаи, најдобро било обвинителите за организиран криминал да ги избира канцеларијата на ЕУ во Скопје.

„Сакам да истакнам и за постапката за избор на шеф и на членови. Бидејќи сакаме силно обвинителство со финансиска независност, критериумите за избор на шеф и обвинители во обвинителството треба да бидат построги. Ние сме мала земја и може да има влијанија. Како би го тргнале теретот, а изборот да биде без дамки, предлагам во постапката за избор на шеф и обвинители во тоа обвинителство да биде вклучена и канцеларија на ЕУ во Република С. Македонија преку мониторинг почнувајќи од моментот на интервјуирање до избор на кандидатите и тие да имаат право да дадат мислење за тие кандидати“ -изјави Фетаи во Собрание.

Најнови вести