петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

„Филипче денес беше портпарол на СДСМ, а не министер за што е платен од граѓаните“

„Филипче денес беше портпарол на СДСМ, а не министер за што е платен од граѓаните“

Венко Филипче во денешното интервју излезе како портпарол на Зоран Заев и СДСМ, наместо како министер за што е и платен од граѓаните. Филипче наместо спроведе ефикасни мерки и да ги заштити граѓаните од корона, тој говореше за кандидатите за градоначалници на СДСМ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Толку од одговорноста на Филипче. Тој само спроведува фашизоидни мерки, ги дели граѓаните и го зголемува списокот на починатите кои имаат име и презиме. Токму за ова Венко Филипче ќе одговара пред судот на граѓаните на Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ се уште стои на ставот за масовна вакцинација и ефикасни мерки, но ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да ги поддржи фашизоидните мерки криминаните провизии на неспособниот Филипче.

На 17-ти октомври започнува крајот на функционерите од типот на Филипче, подвлекуваат од партијата.

Најнови вести