Денеска во нашата земја пристигнаа 110.612 вакцини од производителот „Фајзер-Бионтек“. Пристигнатите вакцини, за кои има голем интерес кај граѓаните, ќе бидат дистрибуирани до вакциналните пунктови ширум земјата со цел да се обезбеди непречен процес на вакцинација, напиша на Фејсбук министерот за здравство Венко Филипче.
Само со вакцинација, како што посочува Филипче, можеме да го сочуваме личното здравје, но и да дадеме придонес за зачувување на колективното.
-Вакцините се безбедни и ефикасни и претставуваат единствен начин да се стави крај на пандемијата. Целосната вакцинација ја намалува шансата од заболување од Ковид-19, развивање тешка форма на болеста, хоспитализација и смртен исход, пишува министерот за здравство.