четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Филипче: Во ек сме на трет бран, полицискиот час останува ист

Филипче: Во ек сме на трет бран, полицискиот час останува ист

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција истакна дека сме во ек на трет бран на коронавирусот.

-Четири недели, ова е петта недела имаме постојан раст и зголемување на активни случаи. Бележиме раст од околу 5.000 случаи во последниот раст. Имаме 1.100 пополнети болнички места. Притисокот во изминатите денови особено во Скопје беше голем и правевме систем на менаџирање. Има доволен број на болнички кревети. Сите ковид центри се во функција, нагласи Филипче.

Министерот истакна дека анализата покажала дека има значајно зголемување на инциденцата во некои градови како Валандово, Крушево, Кавадарци и Прилеп, Скопје, Гостивар и Велес. Полицискиот час кој сега е на сила нема да се менува.

-Оваа мерка треба да остане иста нема да се надополнува. Конкретни резултати се очекуваат до крајот на оваа недела или почеток на следната. Евентуално дополнителни рестрикции доколку треба ќе се разгледуваат на почетокот на следната недела, нагласи министерот.

Најнови вести