четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Филипче: Вториот бран дојде порано зошто граѓаните не ги почитуваат мерките

Филипче: Вториот бран дојде порано зошто граѓаните не ги почитуваат мерките

И покрај фактот што Македониаја е прва на листите по бројка на нозаболнеи со корина на милион жители, и покрај тоа што има најмногу починати, министерот за здравство уверува дека ситуацијата е под контрола, иако можеби не предвиделе дека толку брзо ќе се случи да има волкава бројка.

Според него Македонија навремено реагирала на епидемијата.

-Со навремена анализа на сите контакти на новозаразените лица и интензивно тестирање на контактите дојдовме до тоа да имаме голем број на детектирани случаи. Помалку од 15 проценти е бројот на детектирани лица кои се на болничко лекување, останатите се со полесна клиничка слика и се на домашно лекување. Голем е бројот на асимптоматски носители. Имаме агресивна стратегија. Кај нас малку порано почна тој втор бран и ние го идентификувавме дека почна од тие семејни собири во жариштата во Скопје, околината на Куманово, Тетово, во Штип. Освен Скопје другите жаришта спласнаа, рече Филипче на гостувањето на емисјата Само интервју што се емитува на Канал 5.

Сепак тој укажа дека епидемиолозите велат дека следната недела можно е да спласне и скопското жариште, и додаде дека не треба да се избзрзува со проценки како ќе биде зошто не секогаш се добиваат прецизни информации од епидимеиолошките анкети.

-Појавата на овој бран се должи на непочитување на мерките односно потекнува од големи семејни средби, познати се кластерите. Оние што ги почитуваат мерките, кај нив немаме појава на кластери, кажа Филипче.

Најнови вести