сабота, 10. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Фокус открива: Нов заеднички имот во Бардовци на таткото и свекрвата на Арсовска

Фокус открива: Нов заеднички имот во Бардовци на таткото и свекрвата на Арсовска

Текстот е објавен на 21 јули, 2022 година во неделникот Фокус во бројот 1398

Од сето тоа што успеавме да го видиме на терен, луксузот преовладува кај секоја од куќите, зградите и старските домови. Тука не станува збор за обичен недвижен имот, туку за грандиозен и луксузен имот, огромни дворови, кои се наоѓаат во најелитните делови на скопските населби. И по толку време, останува неодговорено прашањето – како полициски инспектор, кој се пензионирал пред повеќе од 30 години, се стекнал со толкав недвижен имот, кој патем да кажеме целиот се води на негово име?

Грандиозни куќи, луксузни станови, хотели пренаменети во старски домови, се само дел од имотот што го поседува таткото на скопската градоначалничка Данела Арсовска, а за кои „Фокус“ истражува повеќе од седум месеци. Но, и покрај огромниот недвижен имот со кој располага, тука се и шесте компании, кои се водат на членови на најблиското семејство на Ванчо Јовановски.

Претходно, дел од компаниите се воделе и на име на скопската градоначалничка, но како што таа понатаму напредува во кариерата, така од нејзината биографија „исчезнуваат“ нејзините претходни менаџерски активности.

Посебно тоа се случува во периодот кога носи одлука да се кандидира за градоначалник на Скопје, и тоа независен. Сепак, да не беше поддршката од најголемата опозициска партија, факт е дека немаше да ја однесе големата победа. Но, како што тргнале работите и „вмровците“ не се согласуваат со нејзината политика на работење, па така индиректно се оградуваат од нејзините екстремни потези, кои најверојатно ги носи сама на своја рака.

Па така, таа во предизборието никогаш не призна што работела порано, на јавноста цело време ѝ ја сервираше нејзината скромност и чесност, а имотот од над 4.500 квадратни метри на име на нејзиниот татко го побива тоа. Па, така наеднаш „пукна“ сè.

Покрај сите имотни листови што ги извадивме, екипата на „Фокус“ направи обиколка и посети неколку локации на кои фигурира името на Јовановски. Сиот имот што го поседува се наоѓа на различни адреси, а се движат на релациите од скопската Општина Кисела Вода, Карпош, Капиштец, Бардовци… Тоа е моменталната мапа на недвижности со кои располагаме, но лека-полека доаѓаме и до нови откритија.

Од сето тоа што успеавме да го видиме на терен, луксузот преовладува кај секоја од куќите и зградите. Тука не станува збор само за обичен недвижен имот, туку за грандиозен и луксузен имот, огромни дворови, кои се наоѓаат во најелитните делови на скопските населби. Секоја од куќите е опколена со зеленило, високи дрвја и уредно и елегантно средени дворни места.

И по толку време, останува неодговорено прашањето – како полициски инспектор, кој се пензионирал пред повеќе од 30 години се стекнал со толкав недвижен имот, кој патем да кажеме целиот се води на негово име? Засега и надлежните институции трагаат по ваквите одговори!

И СОПРУГОТ ТЕРА ТУРБО БИЗНИС

Бизнисот во семејството Арсовски е долгогодишна традиција, па во таа работа се пронаоѓа и нејзиниот сопруг Ангел Арсовски, кој веќе 30 години поседува фирма.

Станува збор за компанијата „Гама ДООЕЛ“ лоцирана во скопската населба Ѓорче Петров, каде и што живее семејството Арсовски. Основната дејност на фирмата е трговија на мало со делови и прибор за моторни возила, а на бизнис-пазарот се појавува далечната 1990 година.

Според имотните листови до кои дојдовме, сопругот на градоначалничката на Скопје, на негово име поседува и стан во Охрид, со помала квадратура, поточно 38 квадратни метри, кој може да се најде пријавен и во анкетниот лист на Арсовска.

Меѓутоа, тоа што не е пријавено во анкетниот лист е фирмата со која управува Арсовски, иако според новите законски измени, задолжително треба да се пријави, но може да биде зачувана и во архивите на Антикорупциска комисија, а да не се појавува само во обработениот анкетен лист.

Но, затоа, пак, уште еден од имотните листови покажува дека неговата фирма „Гама“ заедно со државата – Република Северна Македонија на улицата Востаничка, во скопската населба Кисела Вода, во сопственост имаат земјиште од околу 1.000 квадратни метри. Сепак,  во имотниот лист не е наведено кој од двата сопственици колку поседува.

На истата улица постојат и големи канцелариски простории со површина од 259 квадратни метри, кои, според официјалните документи од Катастарот за недвижности, се во сопственост на фирмата на Арсовски во скопска Кисела Вода. Зошто и како служат овие канцеларии, засега немаме информации.

И додека редовно никнува нов имот поврзан со семејството Арсовски и Јовановски, од друга страна, Антикорупциската комисија и Управата за јавни приходи веднаш по објавувањето на сториите во „Фокус“ отворија предмети. Се чека да ги истражат наводите и да проверат – од каде толкав имот од над 4.500 квадратни метри поседува Јовановски, таткото на скопската градоначалничка.

Целиот текст прочитајте го на ФОКУС

Најнови вести