Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (22.11.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
-Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 190 мерки, меѓу кои 34 за возење без возачка дозвола, 25 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 10 мерки за управување возило под дејство на алкохол, 35 за непрописно паркирани возила и 20 мерки за неносење на лична заштита. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, информираат од МВР.