вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: Антикорупциска нема членови, но затоа доби двојазична табла

ФОТО: Антикорупциска нема членови, но затоа доби двојазична табла

И додека се уште државната комисија за спречување на корупција нема нови членови кои треба да ја контролираат корупцијата во земјава, двојазичноста си го направи своето.

Старата табла е заменета со нова двојазична табла на која е испишан натписот на институцијата на двата јазика, македонски и албански.

Според најновото истражување на Транспаренси Интернешнл (ТИ), најкорумпирани земији во Европа се земјите од Западен Балкан, посебно Македонија, Албанија и Косово.

Овие држави се наоѓаат на 99-то, односно 93. место според Индексот на корупција. По нив следуваат БиХ и Србија на 89., односно на 87. место, додека Црна Гора е на 67., а Хрватска на 60. место.

ТИ објави годишен извештај за Индексот на перцепција на корупцијата во светот за 2018 година, кој го мери нивото на корупција во јавната администрација во 180 земји и територии низ светот. Индексот е создаден врз основа на 13 истражувања во деловниот сектор, како и стручни проценки.

Посебен акцент на ова истражување е ставен на врската помеѓу корупцијата и кризите на демократијата и растот на десничарските и популистичките тенденции, особено во рамките на Европската унија (ЕУ) и другите западни демократии.

Најнови вести