петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: Армиските кучиња Кони и Пикси дел од тимот што спаси дете во Турција, неуморно ги пребаруваат урнатините

ФОТО: Армиските кучиња Кони и Пикси дел од тимот што спаси дете во Турција, неуморно ги пребаруваат урнатините

Кучиња на македонската Армија активно ја продолжуваат потрагата по преживеани под урнатините во Турција.

-Инструкторите, Борче со лабрадорот Кони и Сашо со белгискиот овчар Пикси се во неуморно пребарување низ урнатините на Караманмараш, со надеж за пронаоѓање и спасување на човечки животи. Армиските четвороножни херои со нивните инструктори од Центарот за одгледување и обука на кучиња беа во состав на екипата кои пронајдоа и спасија еден детски живот. Остануваме со верба и бескрајна надеж за што повеќе вакви спасувања, велат од Армијата.

За потсетување, припадници на македонската Армија беа дел од акцијата за извлекување на пет годишниот Сулејман под рушевините во Караманмараш.

Во Турција испратени се близу 60 припадници од армискиот Баталјон за специјални сили. Министерството за одбрана и Армијата денеска испратија шлепер со хуманитарна помош за Турција.

Пратката од 5.000 ќебиња и 200 санитетски носилки за прва помош ќе биде доставена до градот Батман во југоисточниот дел на Турција, кој беше погоден од катастрофалниот земјотрес.

Најнови вести