четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: Фатен на радар со 198 км/ч, вкупно казнети 195 возачи

ФОТО: Фатен на радар со 198 км/ч, вкупно казнети 195 возачи

Во текот на вчерашниот ден (29.11.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 195 возачи.

Од нив четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 126 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 69 надвор од населено место.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информира МВР.

Најнови вести