петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: Фатен на радар со 204 км/ч, вкуспно казнети 143 возачи за брзо возење на автопат Куманово – Скопје – Велес

ФОТО: Фатен на радар со 204 км/ч, вкуспно казнети 143 возачи за брзо возење на автопат Куманово – Скопје – Велес

Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата вчера спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово – Скопје – Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 143 возачи.

Од нив, 36 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информира МВР.

Најнови вести