вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО ГАЛЕРИЈА: Дива депонија во Карпош покрај кејот на Вардар, на местото каде што Богоев вети изградба на голем парк

Градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев како да заборавил на она што го ветуваше пред локалните избори, така барем покажува состојбата во неговата општина. Пред да стане градоначалник на Карпош, едно од главните ветувања во програмата на Стефан Богоев беше редовно чистење на депониите во оваа општина. Обврзување за нивно чистење може да се прочита во програмата „План за живот во Карпош“ во делот „Чиста вода и чист воздух- здравје за сите“.
ФОТО ГАЛЕРИЈА: Дива депонија во Карпош покрај кејот на Вардар, на местото каде што Богоев вети изградба на голем парк

Голема дива депонија е глетката која граѓаните секојдневно ја гледаат покрај кејот на реката Вардар во Општина Карпош. Место кое треба да биде користено за рекреација на граѓаните е претворено во потенцијално упориште на разни зарази и болести. Инаку, токму ова е едно од местата каде треба да биде огромниот парк кој градоначалникот на општината, Стефан Богоев го вети во Карпош.

Градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев како да заборавил на она што го ветуваше пред локалните избори, така барем покажува состојбата во неговата општина. Пред да стане градоначалник на Карпош, едно од главните ветувања во програмата на Стефан Богоев беше редовно чистење на депониите во оваа општина. Обврзување за нивно чистење може да се прочита во програмата „План за живот во Карпош“ во делот „Чиста вода и чист воздух- здравје за сите“.

Сосема истото ветување како и во програмата на Богоев, во својата програма „Живот во Скопје! За сите“ го има и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

-Се обврзавме постојано и навремено да ги чистиме депониите и каналите, да вложуваме во колекторски системи, пречистителни станици, регионални фабрики за третман на цврстиот комунален отпад и во енергетски ефикасни објекти, е истото ветување и во програмата на тогаш кандидатот за градоначалник на Скопје од СДСМ, Петре Шилегов.

Ова се ветувањата на  од програмата на тогаш кандидатите, а сега градоначалници, Стефан Богоев и Петре Шилегов, но состојбата е сосем друга. Дива депонија неисчистена граѓаните на Карпош имаат покрај кејот на реката Вардар, на само 5-6 километри од центарот на Скопје.

Редакцијата на Курир беше на лице место и можеше да се увери каква е состојбата во дивата депонија, која е полна со ѓубре и така веќе седи некое време.

Околу состојбата со оваа дива депонија денеска реагираше и Теодора Андоновска, член на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Карпош.

-Се наоѓаме во Карпош 4. Ова позади нас е местото каде Стефан Богоев, градоначалник на Карпош во предизборниот период ветуваше изградба на голем парк. Богоев ветуваше цитирам: „Големиот парк ќе се простира од потегот на Скејт паркот до бунарите за вода, по должина на реката Вардар паралелно со Карпош 4, Карпош 3, Злокуќани, Влае 1 и останатите населби. Паркот треба да биде поврзан и со пешачки премин кој ќе оди над улицата „Илинденска“ како и со мостот „Газела“, со другата страна на Вардар, односно делот од Карпош кај Злокуќани“, истакна Андоновска

Андоновска посочи дека наместо парк гледаат купишта ѓубре.

-Ова место е еколошка бомба и најдобар доказ за негрижата на Богоев. Дополнително е потенцијално место и извор на разни зарази и болести. Стефан Богоев и после 6 месеци како градоначалник на Карпош ги лаже жителите на оваа општина. Освен празни ветувања ништо друго не видовме од градоначалникот Богоев. Ниту парк видовме, ниту ветениот мост е во најава, а ниту пак се забележани било какви градежни активности. Вака ли треба да изгледа една урбана скопска општина. Го прашуваме Богоев зошто ветуваше проекти на жителите на Карпош кога не може да исполни ниту едно од нив! Вака ли Богоев го замислува разеленувањето на Карпош, нагласува Андоновска.

Таа му порача на градоначалникот Богоев наместо да се занимава со политиканство и добивање на ситни политички поени како и со бркање на луѓето од работа да почне да ги реализира своите ветувања дадени во предизборниот период.

Покрај оваа дива депонија, на само неколку метри оддалеченост има уште една мини депонија.

Инаку, ова не е првата дива депонија во општината Карпош. Дива депонија имаше и во близина на центарот на Скопје, непосредно до Арената Борис Трајковски.

Најнови вести