Четврта година откако СДСМ е на власт, четврта година жителите на општина Бутел чекаат на местото на старата амбуланта да никне голема поликлиника, налик на таа во општина Чаир.
Но, како што дознаваме тоа нема да се случи. Бутел нема да добие поликлиника, а на местото на сегашната амбиланта ќе се донесат контејнери кои ќе бидат замена за ветената поликлиника.
Планот е ова да започне на 1 јули оваа година, неколку месеци пред локалните избори, каде по се изгледа Велимир Смилевски ќе ја бара довербата за уште еден градоначалнички мандат.
Но тоа не е најголемиот проблем за граѓаните на Бутел, екипа на Курир влезе во амбулантата и успеа да направи неколку фотографии од внатре.
Внатрешниот дел на амбулантата е вистински ХОРОР, распаднати ѕидови, тоалети какви што нема во најмизерните афрички земји, ходниците служат како магацини, а шалтери речиси и да нема.
Таму затекнавме и мали деца кои со своите родители дошле на преглед, ситуацијата која ја затекнавме беше вистински хорор, а вработените беа седнати во една просторија бидејќи останатите се приказна за себе.