сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

(ФОТО) Мицкоски со победничко селфи од Будимпешта

(ФОТО) Мицкоски со победничко селфи од Будимпешта

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера беше во Будимпешта во штабот на Фидес на Виктор Орбан.

По прогласувањето на победата на Орбан на парламентарните избори, Мицкоски објави селфи со унгарскиот премиер, а и му ја честиташе победата на Александар Вучиќ.

-Голема победа за Виктор Орбан. Со среќа и успех нека е петиот премиерски мандат, четврти по ред. Честитки и за убедливата победа на нашата сестринска партија СНС во Србија. Голема победа за Претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Македонија има пријатели!, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Најнови вести