Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за новогодишните празници е во Струмица, прославувајќи во семејна атмосфера.
Тој најлудата ноќ ја поминува со своите синови Антониј и Јован, како и сопругата Рози која потекнува од Струмица.
Се најде време и за куса прошетка низ струмичкиот плоштад и блиските, велат тоа е еден од ретките моменти кога Мицкоски е слободен, а најчесто слободното време го поминува во кругот на семејството.
-Времето поминато со своите најблиски е незаменливо и скапоцено…, Среќна Нова 2018-та година…, напиша Мицкоски на својот ФБ профил.