понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: Мисајловски на средба со младите од Бутел

ФОТО: Мисајловски на средба со младите од Бутел

Владо Мисајловски, потпретседател и носител на листа на ВМРО-ДПМНЕ во втората изборна единица, во рамки на својата денешна агенда од изборната кампања оствари средба со младите од Бутел.

Мисајловски на средбата беше придружуван и од кандидатите за пратеници Дарко Костовски и Борче Илиевски.

-Обновата се крие во секој од нив, бидејќи тие се генерацијата врз која во иднина ќе се темели нашата држава. Тие се оние кои ги следат трендовите и стандардите во поразвиените земји и со нас ги споделуваат идеите како да подобриме нешто и во Република Македонија. Ги сослушав и поразговаравме за дел од нивните идеи. Воедно, јас им ја објаснив визијата на ВМРО-ДПМНЕ во однос на младите луѓе во Република Македонија и им посочив одредени проекти кои ги засегаат директно нив. Овие млади луѓе ја препознаваат чесната намера и цврсто посакуваат обновата да се случи час поскоро. Имаме максимална поддршка од нив и силен сојузник во борбата за Обнова на Македонија, напиша Мисајловски на Фејсбук.

Најнови вести