Агим Красниќи и Сехат Рамадани од вчера се официјално бегалци откако во понеделникот не се јавија во штипскиот затвор по викенд отсуство.
Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница за двајцата. Красниќи и Рамадани имаат за доиздржување уште три години и три месеци од затворската казна.