недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: По скандалот, пред Министерството за правда оставен тепих- подарок за Маричиќ

ФОТО: По скандалот, пред Министерството за правда оставен тепих- подарок за Маричиќ

Момир Маричиќ, татко на министерот за правда Бојан Маричиќ, побарал подарок, а за кратко време и добил, од двајца млади адвокати додека бил јавен обвинител во скопското обвинителство, објави вчера НетПрес. Според нивните извори, двајцата тогашни млади адвокати, од кои едниот е сега позната и има своја канцеларија, му купиле тепих кој чинел околу 200 евра во продавница во скопскиот трговски центар „Буњаковец“, која токму Маричиќ им ја кажал.

Таткото на актуелниот министер за правда им рекол дека ако сакаат помош и соработка во однос на предметите на скопското Основно јавно обвинителство, каде тој бил застапник, требало да го почестат со тепих. Им објаснил точно од која продавница и точно кој тепих му било желба да го има. Двајцата тогашни млади адвокати му го купиле тепихот. Ова се случило во периодот додека тој бил вработен како обвинител во скопското јавно обвинителство. Од Нетпрес дознале дека тогашните млади адвокати работеле во познатата адвокатската канцеларија „Апостолски“. А, оттаму пак, ја потврдиле случката. Сопственикот, познатиот адвокатот Антонио Апостолски, рекол дека точно е оти тогашните двајца адвокати од неговата канцеларија му купиле подарок тепих на Момир Маричиќ, татко на сегашниот министер за правда Бојан Маричиќ.

По скандалот, денеска од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ пред Министерството за правда, оставија тепих, како подарок за таткото на министерот Маричиќ.

Најнови вести