Пред синоќешниот протест, власта со сите сили се спротивстави на граѓаните кои од другите градови беа тргнати кон Скопје.
На патарините имаше голем број на полициски возила и полицајци, кои ги застануваа автобусите и автомобилите, ги тераа луѓето да излеза надвор, бараа документи и испрашуваа.
КУРИР уште синоќа објави фотографии и видеа од малтретирањето на граѓаните, а денес до нашата редакција пристигнаа нови докази за однесувањето на полицијата врз луѓето кои сакаа да дојдат на протестот во Скопје.