петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: Птица од заштитен вид спасена во Берово, била малтретирана од деца

ФОТО: Птица од заштитен вид спасена во Берово, била малтретирана од деца

Здружението за заштита на животните Берово, Про Анима, преку социјалните мрежи информира дека била спасена птица од заштитен вид во Берово која била нападната од деца.

-Ни се јави ветеринарната инспекторка од Берово со информација дека птица од заштитен вид е во Берово, во опасност е, не може да лета и мора да се превземе.

Претходно деца го мавале со камења, а он не можел да летне…
Замислете, некој од нашите сограѓани планирал да го однесе да го фрли на кучињата.

Добро е што се нашол еден добар и совесен човек па реагирал, ја затворил птицата на сигурно за да не ја повредат и и се јавил на инспекторката да ја извести.

Првично да бидеме искрени, не знаевме што да правиме и што се очекува од нас.Знаете ние обично работиме со кучиња и мачки…и одеднаш белоглав мршојадец?!?Ова беше дефинитивно нешто ново и непознато за нас.

Одеднаш во целата таа паника,се сетивме да се јавиме на Македонско еколошко друштво.Се слушнавме со Мето за да го известиме. Од тука почна целата акција. Мето почна да ги известува своите соработници, а ние добивме насока дека мора да ја известиме државната управа.

И така, од кога сите беа запознаени дека птица од заштитен вид се наоѓа во Берово и и треба помош,се донесе одлука да се стационира на сигурно се до утредента кога би дошол претставник од Македонско еколошко друштво,би ја превзел и би ја однел за Скопје.

Доцна вечерта во координирана акција меѓу нас и надлежните во Берово (верувајте буквално сите се вклучија во оваа акција), белоглавиот мршојадец е сместен во сигурна просторија на Шумското претпријатие во обезбеден кафез.Оставена му е вода и храна.

Се надевавме дека се ќе биде во ред и дека утредента без проблем ќе ги дочека луѓето кои треба да го превземат и лечат.

Многу доцна во ноќта се појави проблем.Моравме да обезбедиме транспортер каде би го сместиле животното во текот на патувањето.

Но, Здружението за заштита на животни Анима Мунди веднаш ни излегоа во пресрет и транспортерот беше обезбеден.

Вчера некаде во пладневните часови, белоглавиот мршојадец е превземен од Македонското еколошко друштво. Однесен е директно на Ветеринарен Факултет во Скопје, каде е извршен преглед и првичните резултати се добри. По добивање на резултати од рентген и крв ќе се знае колку време би траела терапијата за да биде целосно излечен и вратен во природа, стои во објавата на Фејсбук.

Најнови вести