Граѓаните не сакаат да ги слушнат говорите на Зоран Заев и на неговите сопартијци колеги кои се обидуваат да ги натераат да поддржат промена на уставното име.
Како и изминатиов период, така и денес, социјалдемократите ја примија пораката од народот дека нема да добијат поддршка ваквите нивни политики.
Во Ресен беше Заев, а во Кичево говореше министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Двајцата се соочија со слаба поддршка.