среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: Се монтираат камери пред Собранието на Република Македонија

ФОТО: Се монтираат камери пред Собранието на Република Македонија

Веќе неколку дена, откако премиерот Зоран Заев дека ќе биде потпишан договорот со Грција на капитулантскиот договор за решавање на спорот околу името на Република Македонија, граѓаните протестираат пред Собранието против овој договор.

Голем број граѓани кажаа дека нема да прифатат ваков договор, а во текот на вчерашниот ден имаше инциденти пред Собранието, инциденти за кои постои сомнеж дека се предизвикани од луѓе кои се пуштени од власта за да ја деградираат борбата на македонските граѓани околу зачувувањето на името на државата.

Денеска пак пред Собранието на бандерите се поставуваат камери, кои најверојатно за цел имаат да ги снимаат граѓаните кои протестираат.

Инаку, уште на првиот протест кој беше организиран од навивачката група Комити, беше забележливо невообичаено силно полициско присуство.

На фотографија која ја објави порталот „Република“ беше очигледно присуството на фотографи од Министерството за внатрешни работи, кои ги снимаа граѓаните кои протестираа.

Коментарите се дека со поставувањето на камерите сега, ова е уште еден начин да се снимаат граѓаните кои протестираат.

 

 

Најнови вести