среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: Советникот на Стејт департментот доби македонски дрес на подарок од Ковачевски

ФОТО: Советникот на Стејт департментот доби македонски дрес на подарок од Ковачевски

Советникот на Стејт департментот Дерек Шоле утрово пристигна во Скопје од каде ја започнува својата балканска турнеја за време на која ќе ги посети и Косово и Србија.

Пред македонската Влада тој беше пречекан од премиерот Димитар Ковачевски, а двајцата на средбата разговараат за повеќе прашања, меѓу кои енергетиката, економијата и борбата против корупцијата.

На средбата Ковачевски на Шоле му подари дрес од македонската фудбалска репрезентација со неговото име.

Целта на посетата на Шоле на Западен Балкан, како што претходно соопшти Стејт департментот, е да ја нагласи трајната посветеност на САД за мир, стабилност и просперитет на Западен Балкан.

Најнови вести