Убиството на Орхан Бајрами Оки (39), кој беше убиен во Ханиоти, Грција било најавено со видео на Тик-Ток од страна на профил со име „tmeriii0101“, објави порталот 4NEWS.mk.
Профилот е веќе избришан, а според порталот во објавеното видео завчера на фотографија пишува дека Оки е следен на листата за ликвидација.
Во ново видео објавено вчера е соопштено дека Оки е ликвидиран, а има најава за ликвидација на уште две лица.
4NEWS.mk пишува дека профилот не бил нов и дека најавувал и други убиства, а на истиот имало и содржина поврзана со убиство во Косово, но и тоа во Шиша бар во Старата скопска чаршија.