недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: Вечерва Струмица е најзагаден град, воздухот е загаден дури 5 пати повеќе од дозволеното

ФОТО: Вечерва Струмица е најзагаден град, воздухот е загаден дури 5 пати повеќе од дозволеното

Според мерните станици за мерење на квалитетот на воздухот денеска до 17:00 часот најзагаден град е Струмица, со измерени над 257 ПМ 10 честички на метар кубен или над 5 пати повеќе од дозволеното ниво. Веднаш по Струмица висока концентрација на загаденост во воздухот е измерена и на мерната станица кај Ректорат со 214 ПМ 10 честички, како и градот Тетово со 181 ПМ 10 честички на метар кубен.

Вчера граѓанските активисти за почист воздух од Струмица излегоа на протест на плоштадот и побараа итно превземање на итни мерки за намалување на аерозагадувањето во Струмица која во изминатите денови постојано е над дозволената граница. Од страна ан револтираните граѓани беше побарано од локалните власт да се врши 24 -часовна контрола на индустриските капацитети за кои сметаат дека во ноќните часови го согоруваат отпадниот материјал.

Во градовите нема никакви предупредувања или пак загриженост од страна на општинските власти.

Најнови вести