вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО+ВИДЕО: Опожарен автомобилот на Шилегов, од пожарот зафатени уште три возила

ФОТО+ВИДЕО: Опожарен автомобилот на Шилегов, од пожарот зафатени уште три возила

Целосно изгореа четири паркирани автомобили во Скопје.

Како што дознава Курир, еден од автомобилите е на семејството на поранешниот скопски градоначалник Петре Шилегов.

Како што може да се види од самите фотографии и видеа причинета е само материјална штета.

Од МВР за Курир информираат дека синоќа во 03:20 часот било пријавено дека на ул.„Петре Пирузе“ во Скопје настанал пожар во патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, а паркирано од Ј.Ш.

-Од пожарот зафатени биле и патнички моторни возила „пасат“, „матиз“ и „нисан“ со скопски регистарски ознаки, сите сопственост на Д.М.(53). Извршен е увид и се работи на расчистување на случајот, информираат од МВР за Курир.

Подетални информации се очекуваат од страна на МВР.

Најнови вести