По Антониа Гиговска која го откажа своето учесто на Peace Festival и објави дека ниту таа, ниту нејзиниот менаџмент не бил запознаен за каков настан се работи, во јавноста се појавија информации дека поп пејачот Владо Јаневски ќе ја замени, но сега и тој објави дека го откажува настапот на фестивалот организиран од Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците на Артан Груби во рамките на одбележувањето на Охридскиот рамковен договор годинава.
Тој преку социјалната мрежа „Инстаграм“ со официјално соопштение ја информираше јавноста дека нема да настапува на прославата на плоштадот „Скендербег“.
Сепак, на страницата на Министерството најавата сè уште стои.