среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Култура

Ученици од општина Жабаљ во Србија ќе ја претставуваат Македонија на фестивалот „Ритам на Европа“

Ученици од општина Жабаљ во Србија ќе ја претставуваат Македонија на фестивалот „Ритам на Европа“

На 16-тиот фестивал „Ритам на Европа“ во Зрењанин, првпат ќе биде претставена и Северна Македонија, од ученици на општина Жабаљ во Србија. Тие денеска, при посетата на Македонската амбасада во Белград, со организаторите на фестивалот и општинското раководство, добија поддршка од в.д. амбасадорот Михаела Веселинов за нивниот настап, јави дописникот на МИА од Белград.

Овој фестивал дава поддршка на децата од Србија кон земјите на Европа, а конципиран е така што ученици од цела Србија бираат одредена земја во Европа, по што на фестивалот „Ритам на Европа“ ја претставуваат таа земја.

-Кога претставувате една земја, кога пеете за таа земја, тогаш не можете ништо друго да дадете освен љубов кон таа земја, а и таа земја поинаку ќе гледа на нас. Ова е подавање рака на пријателство, комуникација, култура, дипломатија и се она што е позитивно и добро, како нашите деца би растеле во нормално опкружување, изјави Игор Карадаревиќ, директор на програмата на фестивалот „Ритам на Европа“.

Овој фестивал е најголем од ваковн тип во Европа и е поддржан од амбасадите на земјите од Европа, ЕУ, Израел и Австралија во Белград, а годинава, на 23 октомври во Зрењанин, покрај другите земји, првпат ќе се претстави и Севрна Македонија од ученици од општината Жабаљ во Војводина.

Карадаревиќ најави и дека во декември годинава во Струмица ќе се одржи и прво меѓународно натпреварување на децата од „Ритамот на Европа“.

-Годинава општина Жабаљ доби можност да ја презентира Северна Македонија и сигурен сум дека младите од нашата општина на вистински начин и во вистинско светло преку песна ќе ја презентираат Северна Македонија. Потајно се надеваме и на победа на фестивалот за да можеме идната година со децата да го посетиме Скопје и да им покажеме се она што Северна Македонија има да понуди, изјави претседтелот на општината Жабаљ, Урош Радановиќ.

„Ние сами се пријавивме“, изјавија учениците од средното училиште во Жабаљ, преку фолклорната секција, и избравме на фестивалот да ја изведема нумерата „Proud“ на Тамара Тодевска.

Тие изразија голема надеж дека ќе патуваат во Северна Македонија, доколку освојат некоја награда на фестивалот, или во организација на општина Жабаљ, која на приемот во Македонската амбасада изрази желба за збратимување со некоја македонска општина.