среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ФРЧАТ КАЗНИ: Само на овој автопат полицијата казнила 119 возачи!

ФРЧАТ КАЗНИ: Само на овој автопат полицијата казнила 119 возачи!

Во текот на вчерашниот ден (12.09.2021) Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово – Скопје – Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 119 возила. Од нив, 18 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Најнови вести