вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ФРЧАТ КАЗНИ: За шест часа санкционирани 820 возачи за брзо возење

ФРЧАТ КАЗНИ: За шест часа санкционирани 820 возачи за брзо возење

Министерството за внатрешни работи, денеска во периодот од 11:00 до 17:00 часот, спроведе акциска контрола на територијата на државава за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 820 возачи.

Од нив, како што информираат од МВР, 54 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 12 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволенота брзина. Притоа, 476 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 344 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, велат од МВР и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта.

Најнови вести