сабота, 23. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Фрчеа казни во Битола: За 5 часа 51 санкција

Фрчеа казни во Битола: За 5 часа 51 санкција

Денеска 31.07.2021 од 08 до 13 часот полициски службеници од СВР Битола спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната на територија на СВР Битола, при што санкционирани се 51 возач. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта. Секторот за внатрешни работи Битола ги известува граѓаните дека на 1 и 2 август 2021 година (недела и понеделник), поради одржување на прослава по повод националниот празник Илинден во Крушево, ќе бидат преземени посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот. Од тие причини, СВР Битола ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, почнувајќи од 15.00 часот на 01.08.2021 година па сѐ до 22.00 часот на 02.08.2021 година на регионалниот пат Р-1306, делница: Прилеп – Кривогаштани – Крушево – Демир Хисар, како и на регионалниот пат Р-2337, делница: Крушево – место викано Слива, на уличната мрежа низ градот Крушево и на патеките кои водат кон Мечкин Камен. За безбедно одвивање на сообраќајот потребно е да се почитуваат сообраќајните знаци, прописи и наредби на полициски службеници, информираат од МВР.

Најнови вести