Ла верита – весникот кој прв ги објави снимките кои ја урнисаа специјалната обвинителка, сега со нова бомба. Во денешниот текст со наслов “Заев сакаше да го замени Македонскиот јазик, Европа го стопира и го открива” италијанскиот медиум изнесува детали од мислењето на Венецијанската комисија, односно нејзината вистинска оценка на законот за двојазичност, јавува Алфа.
Ќе го запре ли Венециската комисија Заев да го замени македонскиот јазик? Односно македонскиот јазик да биде на исто рамниште како и албанскиот кој го зборува малцинството албанци во државата, како што се бара во законот за двојазничност.
Меѓународните експерти од Венециската комисија, конституционалисти и експерти во заштита на малцинствата, новиот Закон за двојазичност го оценуваат не само како непотребен, туку и како штетен. Венециската комисија, со оглед на тоа што Уставот на Македонија го гарантира правото за употреба на јазиците кои не се мнозински, дека со Охридскиот договор од 2001 употребата се шири во сите општини со најмалку 20% од населението припадници на малцинство и дека стариот закон за јазици од 2008 се грижи за имплеменатацијата, констатира дека ако овој закон доследно се применува, тоа е повеќе од доволно за европските демократски стандарди, пишува ЛаВерита.
Како што пишува весникот, во неофицијалната веризија на мислењето, Комисијата го обвинува Заев дека не почитувајќи го владеењето на правото, без да се земе предвид широкиот опсег на уставноста, донесе нов закон без опозицијата, односо по скратена постапка во Парламентот, без консулатција со граѓанското општество…
Експертите, во точка 33 од извештајот, отворено го осудуваат ваквиот начин на постапување бидејќи во игра се многу поголеми права отколку самото преживување на Владата. Извештајот исто така, во точка 39, забележува дека законот не ги почитува легалните потребни критериуми за јасност, дека е напишан лошо, често на контрадикторен начин или дури противуставно.
Во мислењето на комисијата стои:
„Под сегашни околности, доколку се применува целосно законот, тој значително ќе го забави функционирањето на целиот судски систем, со што ќе се доведе во опасност сериозно нарушување на правото на фер судење загарантирано со Европската конвенција за човекови права.“
Авторот на текстот Ларис Гајсер за Алфа вели:
Имам докази и информации, но засега луѓето, изворите не се сигурни и не можам да ги објавам. Како и да е, еден ден ќе бидат објавени.
Веднаш по објавување на извештајот владата се обиде да ги минимизира заклучоците на комисијата, но според извори на Алфа еден од највисоките владини функционери отишол чекор понатаму и од Венецијанската комисија побарал наместо на 18 октомври, расправата за официјализирање на мислењето да се одложи до средината на декември .
Инаку законот за двојазичност кој произлезе како столб на тиранската платформа речиси една година беше заглавен низ собраниските органи. Со прекршување на деловникот на Парламентот, откако неколкупати тогашниот претседател Иванов одби да стави потпис на законското решение и искористи суспензивно вето, лани во јануари спикерот Џафери законот го објави во службен весник и истиот стапи во сила.