понеделник, 29. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

„Гас има за до крајот на годината, Скопје може да остане без затоплување, недостасуваат 200 милиони евра“

„Гас има за до крајот на годината, Скопје може да остане без затоплување, недостасуваат 200 милиони евра“

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва во емисијата „Топ Тема“ на Телма телевизија зборувајќи за енергетската криза во која се наоѓа државата алармираше дека од јануари цело Скопје може да остане без гас.

Тој посочи дека од релеватни извори доби информации дека ТЕТО има гас за до 31-ви декември и дека ако од јануари не се набави гас скопјани може да останат без затоплување.

-Добив информации дека гас, Топлификација односно ТЕТО има за до 31 декември 2021 година, што значи дека ако не обезбедат гас од 1 јануари 2022 скопјани може да останат без затоплување, односно тие можат да обезбедат но со три пати повисока цена од таа цена кој што досега го плаќале тој гас. Тоа значи дека скопјани ќе треба да плаќаат два и пол пати повисоки сметки за струја бидејќи 70 проценти на килокалоријата која што ја троши еден стан учествува гасот. Е сега ќе ме прашате: Но тоа е многу? Да, и тоа чини 25 милиони евра субвенции од државата до ТЕТО ако сакаме да остане цената иста. Недостасуваат 200 милиони евра во електроенергетскиот систем затоа што толку струја ќе ни фали за да мможеме да го затвориме билансот, рече Мицкоски.

Најнови вести