вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„ГАТАНКИ погодувалки – пишувалки“, најнова книга за деца од Ели Маказлиева, во издание на ЕДУКА МАК

„Гатанки погодувалки – пишувалки“ од Ели Маказлиева е  најнова книга чија содржина е мотивирана од древниот литературен жанр гатанки, чиј извор е во фолклорот, и спаѓа во една исклучително дефицитарна област - литература за деца.
„ГАТАНКИ погодувалки – пишувалки“, најнова книга за деца од Ели Маказлиева, во издание на ЕДУКА МАК

Авторката верна на своето длабоко познавање на сензибилитетот на современото дете, го доближува на децата овој краток древен фолклорен жанр – гатанките.

Книгата е изобилие од свежина, висока и софистицирана инвентивност и креативност, која на оригинален, пристапен и интерактивен начин ги активира најмладите читатели, ја буди и ја поттикнува нивната мисловна активност.

Преку строфи од по четири или повеќе стихови (кои во себе содржат „јадро“ кое всушност е латентно метафорично прашање), кои се во совршена синергија со илустрациите и  кои упатуваат на метафоричниот поим се поттикнува когнитивното мислење кај децата.

Одговорот суптилно ги насочува децата кон вистинскиот поим кој треба да се погоди и внесе во соодветни графички прикази – графизми кои се важен дел на процесот на растолкување на поимот, во кои треба да се впише точниот одговор.

Интеракцијата – како суштински сегмент на овој проект подразбира процес во три етапи: кодирање на пораката (гатанка) – декодирање на пораката или устен одговор (погодувалка) – внесување писмен одговор (пишувалка). Оваа „скала“ на нивоа од домените на развојот на детето се дополнува уште со две етапи – боењето (развој на графомоторика)  и проверката на точниот одговор – гатанката на крајот од книгата.

Во оваа ретка книга како по својата концепција, така по структурата, свое место ќе најдат поимите кои му се блиски на детето и со кои секојдневно се среќава.

Рецензии за книгата напишаа: проф.д-р Кристина Николовска и проф. Д-р Јованка Денкова. Илустрациите се на Игор Јовчевски.

Најнови вести