Позицијата на Бугарија со договорот со Северна Македонија не се менува и не отстапува од тоа што го утврди Народното собрание, со едностраната декаларација истакнуваме дека нивниот официјален јазик не го признаваме и тоа ќе биде забележано во секој документ во интегративниот процес на Северна Македонија со ЕУ, истакна денеска министерката за надворешни работи на Бугарија Теодора Генчовска.
„Сепак, тоа е малку поспецифично во контекст на другите 26 земји членки на ЕУ. Тие имаат свој став и ние не можеме на кој било начин да ги обврземе да ја прифатат нашата официјална позиција. Но нашата позиција е загарантирана како што е формулирана според договорот”, рече Генчовска на брифинг по потпишувањето на билатералниот протокол на кој потпис денеска во Софија стави и македонскиот министер Бујар Османи.
Од тимот на Генчовска во тамошното Министество за надворешни работи на брифингот е додадено дека е важно што „отсега ниту еден документ, во процесот на приклучувањето на Република Северна Македонија во ЕУ, не може да биде прифатен како бугарско признавање на постоењето на т.н. македонски јазик и тоа е јасно опишано во едностраната декларација што Бугарија ќе ја претстави во понеделник за време на состанокот на Постојаниот комитет”.
Генчовска нагласила дека дека потпишаниот документ не е посебен, туку е составен дел од пакетот на францускиот предлог.