сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Георгиевски: Плац, Марино, Мралино и Кадино ќе добијат канализација, но Илинден заслужува и модернизација на водоводната мрежа, граѓаните заслужуваат да живеат во 21 век

Георгиевски: Плац, Марино, Мралино и Кадино ќе добијат канализација, но Илинден заслужува и модернизација на водоводната мрежа, граѓаните заслужуваат да живеат во 21 век

Кандидатурата за градоначалник ќе ми даде шанса и прилика да направам нешто повеќе за општина Илинден, за моето родно место, за местото д кое што потекнуваат моите родители,каде што се моите пријатели. Сметам дека на Илинден му треба нова динамика, забрзување на многу процеси, и сметам дека во овој момент на Илинден ќе му треба поголем импулс во сите проекти, истакна Александар Георгиевски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Илинден.

Георгиевски додаде дека има соодветна програма која што нуди многу решенија за проблемите на граѓаните и реални проекти.

-Би сакал како градоначалник да допринесам моите сограѓани да имаат подобри услови за живот, Илинден да го направиме подобро место за живеење и понапредно, за тоа што Илинден го заслужува тоа. Илинден е приградска општина која се наоѓа на самата порта пред Скопје и има одлична местоположба. Местоположба која што е и те како многу битна не само за Илинден, туку за целата држава. Ние се наоѓаме на еден крстопат каде што се сечат двата главни коридори Коридорот 8 и Коридорот 10, и тука е и железницата, тука е и аеродромот, тука е технолошко индустриската развојна зона. И сметам дека тоа се и те како многу добри услови за уште побрз и подобар развој на самата општина и уште подобра можност да го подигнеме квалитетот на живеење на граѓани во Илинден, појасни Георгиевски.

Георгиевски посочи дека во наредниот период откако ќе стане градоначалник ќе се насочи и кон фекалната канализација и спроведување на атмосферски води.

-Илинден, особено поголемиот дел од населението во Илинден живее на простор, на место каде што и те како е изложено на атмосферски води. Околу 7.000 домаќинства, дали околу 1.000 домаќинства се спроведени со фекална канализација. Другото население не е. И за тоа сметам дека во наредниот период и те како ќе направиме да се интензивира овој процес. Значи што повеќе населени места и граѓани да бидат вклучени во системот на водната канализација, пред се тука сметам на делови од Илинден како што е местото викано Плац, Марино во делот на улица 500, Мралино комплетно нема канализација, добар дел од Кадино нема, значи тука ќе биде најголемиот акцент за ставање на водоводна мрежа, рече Георгиевски.

Георгиевски укажа дека планира и модернизација на водовод, бидејќи здравата вода е битен ресурс за живеење.

-Во однос на урбанизацијата во наредниот период ќе треба да отпочне со процес на урбанизација, носење на локални урбанистички планови се со цел на нивно вклопување во процесот на легализација, да можат граѓаните да си имаат соодветни документи да можат да си градат. Дури и предвидуваме уште една локална екомономска зона која што ќе донесе нови работни места, нагласи Георгиевски.

Најнови вести