среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Германската химна никаде не звучеше помоќно и позаводливо како во Скопје, оценка на „Шпигел“ за турнејата на канцеларот Шолц на Балканот

Германската химна никаде не звучеше помоќно и позаводливо како во Скопје, оценка на „Шпигел“ за турнејата на канцеларот Шолц на Балканот

Воениот оркестар во Скопје и интонирањето на германската химна се издвоени во германските медиуми како најсветли точка во балканската турнеја на канцеларот Олаф Шолц.

„И победникот е… Воениот оркестар во Северна Македонија. Германската химна не звучеше толку моќно и заводливо на ниту една друга станица како што беше случај во Скопје“, наведува Мелани Аман, новинарката на „Шпигел“ која беше дел од бројната екипа на германски новинари кои ги придружуваа Шолц на Балканот.

Од дочекот на Шолц пред Владата во Скопје и интонирањето на химните биле импресионирани и други германски политичари, дипломати и новинари на платото на Илинденска бб.

„Два дена, пет држави (не сите меѓународно признати), четири претседателски палати со постсоцијалистички сјај, пет прес-конференции со делумно непослушна микрофон-технологија („Тест. Тест. Тест. ТЕЕЕСТ!“), пет колони со лимузини, трепкачки светла, минибуси, блокади на патиштата, долг сообраќаен метеж за локалното население и драматични воени почести, вклучително и свирење химна. Сојузниот канцелар ја исполни густата програма“, е шеговитиот коментар на „Шпигел“.

Најнови вести