недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Германски експерти ќе бидат вклучени во истрагата за пожарот во тетовската модуларна болница

Германски експерти ќе бидат вклучени во истрагата за пожарот во тетовската модуларна болница

Германскиот тим од Федералната криминалистичка служба, кој треба да пристигне по завршената претходница деновиве, првично е составен од четворица, и тоа од двајца крим техничари и форензичари за истражување пожари и двајца крим техничари и форензичари за ласерско мерење на простории и за фотографирање.

Ова го соопшти портпаролот на Владата Душко Арсовски на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање во врска со германските експерти кои ќе се вклучат во истрагата за пожарот во тетовската модуларна болница.

Во МВР, како што информира тој, веќе се подготвува соодветна поддршка во форма на алат, нацрти, планови и други релевантни информации кои можат да помогнат во заедничкото утврдување на фактите.

– Германските експерти ќе работат заедно со крим техничарите на МВР како поддршка на ОЈО при истрагата за утврдување на причините за пожарот во модуларната болница во Тетово, посочи Арсовски. (МИА)

Најнови вести