понеделник, 29. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Героски ги објави со имиња и презимиња актерите во Меѓународниот сојуз на Боки 13

Героски ги објави со имиња и презимиња актерите во Меѓународниот сојуз на Боки 13

Како е смислена шемата за извлекување пари за наводните проекти на Бојан Јовановски, преку авторски хонорари и директни исплати? Кои се лицата замешани или злоупотребени во оваа шема? Каков е нивниот политички бекграунд? Читајте, овој пат без псевдоними, туку со имиња и презимиња! Со документи!, пишува новинарот Бранко Героски на порталот „Плусинфо.мк“.

Сѐ повеќе и сѐ погласно се зборува дека невладината организација на Бојан Јовановски, осомничен во аферата „Рекет“, Меѓународен сојуз, неизбежно мора да биде опфатена со истрагата за делата за кои е осомничен Јовановски – рекет, изнудување и перење пари. Моите сознанија, наведува Героски, што ќе ги пласирам во овој напис, се дека оваа невладина организација е искористена како покритие за активностите за кои е осомничен популарниот Боки 13-ка.

Во овој текст нема да има псевдоними и измислени имиња. Напоменувам дека како и до сега, така и во овој момент сѐ уште, ниту еден од личностите што ги именувам не ги доведувам во врска со измислените ликови Коки, Фрики, Кики и другите, од моите поранешни фикциски, а сепак вистинити приказни. Нагласувам дека секое самопрепознавање или препознавање е лична одговорност на оние што ќе се самопрепознаат или ќе доведат во врска некои од ликовите за кои пишувам во овој текст со псевдонимите од моите поранешни приказни.

Целиот текст на новинарот Бранко Героски можете да го прочитате на ПЛУСИНФО.

Најнови вести