недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Героски: Господине Жбогар, ријалити шоуто беше пред Вашиот нос, само не сакавте да го видите! (ВИДЕО)

Героски: Господине Жбогар, ријалити шоуто беше пред Вашиот нос, само не сакавте да го видите! (ВИДЕО)

Ваша екселенцијо, амбасадоре Самуел Жбогар, веројатно и самите немате претстава колку сте во право што аферата „Рекет“ ја нарековте едно големо ријалити шоу. Ве уверувам дека луѓето во Македонија, како и Вие, се мошне загрижени, но уште повеќе, се и згрозени од ова што ни се случува. Можеби за ЕУ, чиј претставник сте Вие, справувањето со овој скандал нема да стане бенчмарк за почетокот на пристапните преговори што сите желно ги очекуваме, но веројатно сте свесни дека за нашата земја оваа афера е најсериозен тест за волјата и за способноста на оваа власт да се справи со високата корупција.

Ова го пишува новинарот кој ја обелодени аферата „Рекет“, Бранко Героски, во својата колумна насловена како: „Господине Жбогар, ријалити шоуто беше пред Вашиот нос, само не сакавте да го видите“!

-Кога веќе спомнувате ријалити шоу, а патем речено го именувате и со добро познатиот бренд „Биг брадер“, би се осмелил да Ви укажам дека се потребни неколку важни допрецизирања и појаснувања на Вашата изјава. Таа духовита опаска за името на ова наше ријалити шоу веројатно произлегува од аналогијата со учеството на еден од главните актери на аферата, осомничениот Бојан Јoвановски, во истоименското српско телевизиско шоу „Велики брат“. Еве, да погледнеме еден детаљ од тоа шоу, со нашата позната ѕвезда во главната улога, пишува Героски споделувајќи го ова видео:

Понатаму, Героски пишува: 

„Но, на Боки 13-ка ќе се навратиме малку подоцна. Сега е редно да кажеме дека вистинското ријалити шоу во Македонија, амбасадоре Жбогар, почна со изборот на Катица Јанева за шефица на Специјалното јавно обвинителство, институцијата што доби огромна домашна и меѓународна поддршка, логистика и буџет, за да го обели валканиот образ на македонското правосудство. Во тоа време, бевме малкумина кои предупредивме дека изборот на Јанева, со нејзиниот скромен просек на Правниот факултет во Скопје, со нејзиното скромно искуство во правосудството и со нејзината паланечка појавност, беше силен удар под појас за многу македонски судии, обвинители, адвокати и угледни правници, кои можеа да бидат избрани на нејзината позиција. Се сеќавам на потсмешливите белешки со кои го коментиравме протестот на професорот Гордан Калајџиев, на пример. Јас, иако за Катица имам лошо мислење од првиот ден, до ден денешен се срамам поради тоа што тогаш професорот Калајџиев го осудивме за малициозност и за повредена суета.

Првиот јавен настап на Катица Јанева, во свадбарска чипка и со свадбарски говор, беше само првата секвенца на големото ријалити шоу, кое го опфати целото СЈО. Челните фаци преку ноќ станаа естрадни фаци, дел од скопскиот џет сет, ѕвезди за позирање за селфи фотки за Фејсбук и Инстаграм. Зошто сето тоа не Ви изгледаше барем малку сомнително и неприкладно, амбасадоре Жбогар? Можно ли е такво нешто да се случи во Вашата прекрасна Словенија? И дали до Вас не допираа гласините дека во бекстејџот на тоа наше ријалити шоу, всушност, се одвива погубен процес на одлевање на „бомбите“ на Заев и нивна опасна злоупотреба?

Сега, кога Катица Јанева е притворена и осомничена за сериозен криминал, од Брисел ни стасуваат пораки дека за Европската унија не биле важни личностите, туку биле важни институциите. Демек, не била важна Јанева, било важно СЈО. Навистина? Ако е така, можете ли да ни објасните врз основа на што токму госпоѓа Катица Јанева, во 2017 година, од словенечкиот институт ИФИМЕС, доби признание за „најдобар обвинител на Балканот“?

Ваша екселенцијо, дали сте ја гледале трилогијата „Трите“, филмот за „трите грации“ дојдени „од три страни на Македонија“, продуциран за да го засили имиџот на СЈО? Сакате да Ви раскажувам сцени од филмот? Не, ве уверувам дека не сакате. Ве молам, погледнете го сега, ако сте го пропуштиле. Па да видите самите што е тоа долгометражно ријалити шоу! Јас се срамев додека го гледав тој видео-производ, како што се срамев и кога ги гледав пропагандните видео-спотови, кои ја храбреа јавноста дека СЈО прекутрупа, со еден удар, ќе се справи со криминалот“.

Како овој спот, на пример:

„Ваша ексленцијо, амбасадоре Самуел Жбогар, луѓето во мојата земја се вознемирени и згрозени од ова шоу, од активностите на неморални ликови што биле славени како успешни и влијателни, а се занимавале со уцени, рекетирање и перење пари. Граѓаните на Македонија се лути поради индолентноста и на власта, но и на институциите на меѓународната заедница, кои молчеле за индициите дека пред нивниот нос се случува страшен криминал“-пишува Жбогар.

Целиот текст со многу повеќе информации и видеа, прочитајте го на ПЛУСИНФО

Најнови вести