сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Героски: Не гледам акција од страна на Власта да го испита криминалот за кој кажувам (ВИДЕО)

Героски: Не гледам акција од страна на Власта да го испита криминалот за кој кажувам (ВИДЕО)

„Најтешко е кога човек брани апстрактни вредности, но сепак реални како што се слободата и демократијата во едно општество, за нас новинарите слободата на печатот е кислород, а мене, како и на моите деца во иднина ќе им биде битно да живеат во едно поинакво општество“, порачува, новинарот Бранко Героски во интервју за Гласот на Америка.

Героски на прашање за неговите пишувања за криминалот и рекетот на политичка медиумска група забележува што нема истрага по допрен глас, но изразува надеж дека тоа ќе се случи во наредните денови.

-За жал морам да го користам овој езоповски јазик, овие скриени идентитети, односно да пишувам нешто што би се нарекло фикција, од проста причина што во овој момент не гледам интензивна акција од страна на Владата да го испита овој очигледен криминал, овие приказни за кои пишувам по допрен глас, што е обврска. Се надевам дека тоа ќе се случи во наредните денови, по што кога истрагата би напреднала во некаква напредна фаза, јас би зборувал слободно за вистинските идентитети на луѓето за кои пишувам, вели Героски.

Тој во интервјуто зборува за притисоците, провокациите, заканите, клеветите.

Најнови вести