Се наоѓам пред домот на Марјан Стаменковски. Неколку часа овде се врши претрес. По наредбa на ОЈО Скопје. Ноќва тој ќе ја помине во полициската станица во Карпош, а утре ќе биде изведен пред судија во претходна постапка, објави на социјалната мрежа на Фејсбук новинарот и уредник на Плусинфо Бранко Героски.
Запленувани биле пари, телефони, компјутери…
-Како што дознаваме, од домот на Стаменковски се одземаат мобилни телефони, компјутери и парични средства, а се преснимуваат и пораки, пишува Героски.
Како што пишува Героски наводно станувало збор за пријава во врска со написи на Стаменковски за лице од Шестата управа на МВР.
-Непотврдени сознание е дека станува збор за пријава во врска со написи на Стаменковски за лице од Шестата управа на МВР, пишува тој во својата објава.