четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Героски за ослободувањето на Мијалков од притвор: Македонија нема да се гордее со оваа бурлеска!

Героски за ослободувањето на Мијалков од притвор: Македонија нема да се гордее со оваа бурлеска!
МИА

Новинарот Бранко Героски со свој став за последните случувања, односно за ослободувањето на Сашо Мијалков од притвор.

Што велат фактите, а што лагите и манипулациите, за вчерашната судско-обвинителска бурлеска, во која во еден ден, во период од само неколку часа, поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков беше ослободен од притвор и потоа му беше доделен нов притвор?

1. Вистина е дека Апелацискиот суд во Скопје ја прифати гаранцијата од 11.106.501 евро, со која Судот мерката притвор ја преиначи во мерки за претпазливост, односно одземање на пасошот и обврска да се јавува во суд.

Лага е дека Мијалков гаранцијата ја понудил во кеш. Неправосилно осудениот Мијалков добил кредит од банка, за што понудил хипотека на свој имот како обезбедување на кредитот. Банката можела да одлучи вака или онака, но во секој случај не можела да прифати обезбедување на кредитот да биде незаконски стекнат имот.

Со тоа сите дебати за начинот на кој е стекнат имотот даден под хипотека се сведуваат на шпекулации. Кој сака со ова да спори, мора да се обиде да докаже дека наведениот имот е стекнат незаконски. Поинаку не може.

2. Вистина е дека Апелацискиот суд донел одлука што може да се нарече контроверзна, со оглед на фактот што Мијалков за предметот „Трезор“ е неправосилно осуден на 8 години затвор (за овој предмет е донесена одлуката за ослободување од притвор), а тој има првостепена пресуда и во случајот „Таргет-тврдина“, со која е осуден на 12 години затвор.

Целиот текст може да го прочитате на ПЛУСИНФО.

Најнови вести